Мета испрати известување до ОБСЕ/ОДХИР дека на 30 јуни нема да има избори

Од:

Албанскиот претседател, Илир Мета, попладнево испрати писмо до Канцеларијата на ОБСЕ-ОДИХР во Албанија, во кое информира за уредбата за одложување на датум на локалните избори и оти според истата избори на 30 јуни ќе нема.

Во писмото кое е адресирано до министерот за надворешни работи и европски прашања на Словачка, Мирослав Лајчак,чија земја е претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и директорот на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции, Ингибјорг Солрун Гисладотир, претседателот Мета става до знаење дека доколку изборите се одржат во спротивност со последната негова уредбата ќе бидат неважечки.

Претседателот меѓу другото бара и спроведување на неговата уредба објавена во Службен весник.

-Уредбата е целосно законска и таа треба да се почитува и срповедува од сите институции, вклучително и избирачките тела. Напорите на премиерот да спроведе избори по секоја цена на 30 јуни не се ништо повеќе од влошување на политичката криза во земјата. Според важечкото законодавство, уредбата бр.1199 од 10.06.2019 е во сила и е објавена во Службен весник на Република Албанија на 11 јуни, стои во писмото.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија