Мета: Голема Албанија делириум за пренасочување на вниманието од внатрешните прашања

Од:

Албанскиот претседател Илир Мета, во својот говор на конференцијата што ја организира друштвото „Џорџ В. Маршал – Албанија“, на тема “Безбедносните предизвици на Балканот и улогата на надворешни актери во време на евроатлантската транзиција”, зборуваше со критички тонови за тезите за обединување на Албанците на Балканот.

– Нема нација на Балканот која има поголема придобивка од падот на железната завеса, нема нација на Балканот која била поугнетувана пред 90-те години од албанската. Многу добро паметиме што беа Романија и Југославија, ние во тоа време бевме како Северна Кореја. Слушаме зошто не се обединуваат сите Албанци? Но, зошто да не се обединат и сите Срби, Хрвати, Бошњаци? Овој, делириум, наводно патриотски, е жив дијаболизам. Тоа е обид на авторитарните политичари да провоцираат теми и со тоа да го пренасочат вниманието на јавноста од внатрешните прашања. Често тоа го прават на координиран начин. А во меѓувреме што се случува, бегаат младите од Косово, од Србија, од Македонија, заминуваат насекаде, изјави Мета

Тој посочи дека толку лесно не се прецртуваат ниту границите.

– Знаеме колку се добри односите меѓу Црна Гора и Косово, но за договорот за демаркација многу добро знаеме што се случи. Сакам појасно да кажам, ги имаме сите можности како што и сме покажале да бидеме стабилизирачки фактор, изјави Мета.

Според дел од албанските медиуми иако не ги спомена поименично, со ваквиот став Мета директно ги нападнал косовскиот претседател Хашим Тачи и албанскиот премиер Еди Рама за идејата за корекција на границите меѓу Косово и Србија.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија