Мета го обвини Рама дека ја оставил земјата без Уставен суд

Од:

Албанскиот претседател Илир Мета, откако не ги потпиша и му врати три закони на премиерот Еди Рама, го обвини дека две години го попречува функционирањето на новите правосудни институции и Уставниот суд.

Шефот на државата обвинува дека премиерот ги уценувал членовите на Советот за наименувања во правосудството (КЕД) со процесот на проверка на потеклото на имотот на судиите и обвинителите, наречен ветинг, и ги дезинформирал поранешниот американски амбасадор Доналд Лу и ексамбасадорот на мисијата на ЕУ во Тирана, Ромина Влахутин, кои биле директно вклучени во процесот.

Мета се задржува и на причините зошто Рама ја нападнал првата институција на правосудната реформа, КЕД.

– Ја нападна бидејќи членовите на КЕД во 2017 година не реагираа на интересите и вкусовите на премиерот. Тој изврши притисок да поднесат оставка или ги разреши повеќето членови на КЕД, како што вети и јавно се закани. Во меѓувреме, празнењето на Уставниот суд беше проектирано и почна да го спроведува, обвинува Мета.

Во декември 2017 година, наведува Мета, побарал од КЕД да се состане и да ги преиспита кандидатурите за пополнување на изпразнетите места во Уставниот суд. Но, додава повторно по овој повик претседателот на парламентарната законодавна комисија Улси Мања им се заканувал на членовите на КЕД со ветинг.

Според Мета, ова е начин како „рамаформа“ го уценувала КЕД во текот на две години, 2017 и 2018 година, и го блокирала назначувањето на нови судии во Уставниот суд.

– Друг нов албански Гинис, 16 месеци без функционален Уставен суд. Рамаформата не сакаше функционален Уставен суд, бидејќи само така немаше кој да ги контролира неуставните одлуки што ги носеше, како Законот за театар и за ЈПП. Без Уставен суд, немаше каде да се жали ниту опозицијата, ниту претседателот, ниту целните групи, па ниту граѓаните за какви било уставни прекршувања од страна на Владата и Собранието, додава Мета.

По оваа двегодишна анализа, претседателот Илир Мета предупредува дека ќе има и други причини поради кои „правосудните реформи станале Рамаформи“.

Би можело да ве интересира

Во својство на претседавач на ОБСЕ, Рама во посета на Украина

Ана Ололовска

Земјотресот ја принудува албанската Влада да издаде еврообврзница од 560 милиони евра

Ана Ололовска

Албанија го држи рекордот во регионот по бројот на затвореници на 100.000 жители

Ана Ололовска

Баша: Псевдо-тужба на Рама против Харадинај, грда анти-национална перверзност

Ана Ололовска

Стејт департментот ја поздрави одлуката на Албанија да протера ирански дипломати

Ана Ололовска

Албанската полиција откри група од 38 имигранти

Ана Ололовска