Мета ги повика контролорите да продолжат со работа, а Рама и Балуку да седнат и да најадат решение

Од:

Претседателот Илир Мета јавно ги повика владата, синдикатите и меѓународните институции да разговараат за да се најде решение за актуелната состојбата на аеродромот во Тирана создадена поради штрајкот на контролорите за летање.

-Бидејќи сме во ваква ситуација, ги повикувам премиерот и министерката, синдикатот, претставници на земјите од НАТО, ЕУ, Велика Британија, институциите за контрола на летање да оствариме средба, во секој момент кога владата е подготвена да разговара и да даде можно разумно решение за оваа состојба.

Додаде дека побарал од контролорите да продолжат со работа.

-Побарав и апелирав до контролорите да продолжат да ја вршат својата должност без прекин и со голема одговорност, бидејќи тоа е од витално и главно значење за Албанците и нашите обврски како земја-членка на НАТО. Ваша должност е да сторите сè за да можеме да ја надминеме оваа тешка ситуација. Им реков да продолжат да работат и покрај кршењето на нивните права. Побарав од владата да обезбеди решенија во согласност со правилата, рече Мета.

Откако кажа дека имало масовни отпуштања од работа на контролори, тој директно се обрати до министерката за инфраструктура Белинда Балуку, која побара од него да каже што разговарал на средбата со контролорите.

-Имам прашање до минстерката која излезе да го провоцира претседателот: Како може да се објасни дека 10 месеци по ред не најдовте време да се сретнете со контролорите кои биле обучени повеќе од 20 години од албанската држава и други земји? Не може да играат такви игри во ваков момент. Го потсетувам премерот дека не сме во Латинска Америка, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија