Мета: Едвај чекам да се вратам во политичките битки, на земјата и е потребно вистинско лидерство

Од:

Албанскиот претседател Илир Мета изјави дека едвај чека да се врати во „политичките битки” по завршувањето на неговиот мандат.

Според него, тоа е неопходно во ” услови кога на земјата и треба вистинско лидерство”.

– Ќе продолжиме до 24 јули. Едвај чекам де се ослободам од придружбата, полициските автомобили напред- назад, бидејќи повеќе не ги поднесувам. Со нетрпение очекувам да дадам се од себе за овој прекрасен народ кому му е потребно вистинско лидерство. Првите избори, откако ќе го соблечам ова црно одело ме водат во вистински битки. Илир Мета не е од оние кои продаваат натпревари, рече Мета кој денеска беше во Корча.

Додаде дека парламентарните избори од 25 април минатата година не бил добиен туку продаден натпревар.

– Нема победник, туку продаден натпревар, пред да почне. Илир Мета не е оние кои го изневеруваат народот, посочи тој.
Мета одби да коментира дали 21 јануари се користи за политички цели.

На 21 јануари 2011 година кога тој беше во владината коалиција со Сали Бериша се случија протести, оранизирани од Социјалистичката партија, тогаш во опозиција, кога беа убиени четири лица, чии роднини и денес побараа правда.

Лидерот на социјалистите и актуелен премиер Еди Рама и тогаш и денес за убиствата ги обвини Сали Бериша, тогашен премиер и Љуљзим Баша тогашен прв полицаец.

Уставниот суд на 18 месецов требаше да расправа околу одлуката на парламентот за негово разрешување, донесена во ју ни минатата година, но поради тоа што известителот бил позитивен на Ковид-19, расправата е одложена за први идниот месец.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија