Мета добитник на наградата „Странски политичар за 2018“ во Италија

Од:

Претседателот на Република Албанија, Илир Мета, е добитник на признанието „Светски политичар за 2018“ што ја доделува фондацијата „Foedus“.

Признанието му се доделува за „Промоција и зацврстување на односите и пријателството меѓу Албанија и Италија“.

На гала свеченоста одржана во Рим под мотото „Еден дар за една насмевка“, претседателот на фондацијата Марио Бакини врачувајќи му ја наградата на Мета, рече дека ова престижно признание се доделува секоја година на италијански личности и странци,за посебни заслуги во нивната свера.

Заблагодарувајќи се за огромната чест Мета рече дека наградата ја посветува на илјадниците Албанци кои жвеат и работат во Италија.

-Ова признание го посветувам на илјадниците Албанци кои жвеат и работат во Италија,на нашите сакани Арбереши,кои ги поврзуваат нашите народи на уникатен начин 500 години,но и на илјадници Италјанци кои,со години живеат и работат во Албанија. Осумнаесетото издание на вашата фондација се одржува под мотото “Дар за една насмевка“ јас ќе се заблагодарам со зборовите на една голема Албанка, Светата Мајка Тереза,која има речено дека мирот почнува со една насмевка,- рече Мета.

Признание добија и УНИЦЕФ, НЕУРОМЕД Италија, генералниот директор на италијанската полиција Франко Габриели и познатиот италијански пеач Фаусто Леали.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов