Мета: Целото внимание кон настраданите од земјотресот, собирот за демократија кога граѓаните ќе се вратат во нормала

Од:

Во моментот целото внимание треба да биде насочено кон надминување на ситуацијата, како последица од катастрофалниот земјотрес, а националниот митинг за одбрана на демократијата, закажан за 8 декември ќе се одржи кога граѓаните ќе се вратат во нормала, порача од градот Круја албанскиот претседател Илир Мета.

Тој, во ова, едно од најпогодените подрачја од земјотресот одблиску се запозна со актуелната состојба околу згрижувањето на жителите чии домови се урнати и предизвиканата материјална штета.

-Конкретните напори треба да продолжат со цел да се подобри координацијата на сите институции со локалната власт и засегнатите заедници за постигнување на најоптималните решенија што е можно поскоро. Претседателот на државата го брани Уставот секоја година, но сега е време да сториме сé за да ја вратиме земјата во нормала. Националниот собир ќе се одржи веднаш штом сите жители се вратат во нормален жвот како оној од пред 26 ноември, изјави Мета.

Тој ја разгледа и тврдината во Круја, седиштето на Скендер бег, која претрпе штета од земјотресот на 26 ноември.

-Состојбата на кулата е загрижувачка од историски причини, постои историја на геолошките движења на самата Круја, но особено по ситуацијата создадена по земјотресот на 26 ноември. Тоа е многу важен споменик. Ние работиме да ги направиме сите проценки со цел да преземеме мерки за зачувување на овие вредности кои се исто така наша национална гордост, посочи Мета.

Тој во измнатите денови, по земјотресот, секојдневно е на терен со цел да се запознае со состојбата во сите делови каде има последици од разорниот земјотрес.

Претходно, најавувајќи го националниот митинг, Мета, само ден пред земјотресот, рече дека е порешителен од кога и да било за сенацоналниот собир што го свика за 8 декември во Студентски град, додавајќи дека нема да го напушти плоштадот се додека не им го врати на албанските граѓани.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија