Мета: Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово-Србија

Од:

Албанскот претседател Илир Мета на категорен и јасен начин стави до знаење дека „Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово-Србија“.

Во изјавата што Мета ја даде за косовската РТВ21, а ја пренесе тиранската телевизија Ора њуз, дијалогот меѓу Косово и Србија треба да се заврши на најдобар можен начин за двете земји но и за целиот регион, затоа што како што вели тоа е од клучно прашање кое може да ги забрза или успори сите процеси на европеизација.

Според него иако Албанија меѓу првите ја признала независноста на Косово сепак не може да биде дел од дијалогот меѓу Белград и Приштина, затоа што на тој начин „би ја кршела независноста на косовската држава“.

– Албанија меѓу првите ја призна независноста на Косово и неговите институции, но треба да биде јасно дека дијалогот со Србија е тема на косовските институции. Секое мешање на Албанија во овој дијалог или во одредени теми на овој дијалог практично претставува кршење на независноста и легитимитетот на косовските институции, смета шефот на албанската држава.

Одговарајќи на прашањето која е улогата на Албанија и која е и каква е нејзината позиција ,Мета вели дека улогата на Албанија е да придонесе за поттикнување на косовските институции и политички фактори да работат заедно.

-Тоа со цел да се постигне консензус за клучните теми и можните решенија што ќе го направат овој историски момент реалност, финализирање на овој дијалог и меѓусебно признавање. Во исто време, е гаранција дека и Србија и Косово ќе бидат членки на Европската унија. Ова е прво, изјави Мета.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски