Месиќ: Земјите од регионот се сојузници на патотот кон ЕУ

Од:

Обединувањето на Европа не може да биде завршено ако не ги опфати сите земји од ЈИЕ. Нам ни е потребна Европа, но и ние сме и потребни на Европа. На тој пат сите земји од регионот се и треба да бидат само сојузници, рече поранешниот претседател на Хрватска Стипе Месиќ во неговото предавање во Скопје на тема „Западниот Балкан и евроатлантските интеграции: Каде се наоѓаме?“, во организација на Институтот Либерта.

– Ако новите земји-членки знаат да ја преземат својата одговорност и играат улога на активни членки, можат да помогнат во пронаоѓање излез од кризата. Премногу е инвестирано во проектот на европското обединување за кој било да го преземе ризикот од  доведување во прашање на неговото постоење, рече Месиќ.

Тој запраша дали навистина постои замор од проширувањето или станува збор за празна политичка реторика.

– Зборуваат за тоа како Европа е уморна од проширувањето, но треба да знаат и дека ние сме уморни од чекање. Во  делови од јавноста во некои земји од Унијата не разбираат зошто е потребно проширувањето да се продолжи дури и во сегашни услови и затоа треба да се просветлат, зашто не е ли помалку арогантно само од земјите претенденти да се бара само на своите граѓани да им објасуваат за бенефитите од членството во ЕУ, рече Месиќ.

На патот кон евроинтеграциите тој се заложи против групни проширувања на ЕУ, а за прием на секоја земја штом се оцени дека ги исполнува критериумите за тоа. Посочи оти е свесен за специфичните проблеми кои го следат македонскиот евроатлантски процес, но подвлече дека никој нема право да го оспорува идентитетот и името на Македонија и Mакедонците.

– На земјите од регионот е да се подготват, а на Европа е тоа да го препознае и да го вреднува. Нам ни останува и трпеливо, но одлучно да го разградуваме ткивото на националистичката тесногардост, историски митови, на стари како и на нови предрасуди условени од политиката и дневнополитички потреби. На Европа е да ни помогне во тоа критикувајќи не, а понекогаш и условувајќи не. Не треба да бегаме од тоа затоа што знаеме колку се опасни па и погубни предрасудите, колку нетолерантноста и ксенофобијата не само што ја одалечуваат секоја земја од ЕУ, туку го разградуваат нејзиното сопствено ткиво, рече Месиќ

За национализмот, кој се јавува во места во Европа, посочува оти е важно Европа навреме да реагира, бидејќи може да се изроди во други опасни форми како шовинизмот.

Тој верува дека не се можни нови војни за граници во Европа

– Војна за граници, тоа е завршена работа, бидејќи ние влегуваме во ЕУ каде ги отвораме границите и нема повеќе мотиви за војни. Затоа треба да се забрза влегувањето во ЕУ, оти сите агресори во историјата божем ги штителе малцинствата од другата страна на границата, рече Месиќ правејќи меѓу другото споредби и со политиката на Слободан Милошевиќ за создавање голема Србија, која доживеа пораз.

Поранешниот хрватски претседател се заложи и против историски ревизионизам, а за економско поцврсто поврзување на регионот и како идни членки на ЕУ, со оглед дека има компатибилно стопанство.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа