Мерки за заштита од коронавирусот за Курбан бајрам во Грција

Од:

Дозволено едно лице на пет метри квадратни со меѓусебно растојание од еден и пол метар во внатрешноста на џамиите; забрана за молитви на јавни места како и забрана за собирања на над 10 лица во домовите; во дворовите на џамиите дозволени се најмногу десет лица, а секој од нив задолжително да носи маска, се дел од мерките кои ги соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас во пресрет на Курбан бајрам, јави дописничката на МИА од Атина.

Хардаљас потсетува дека согласно мерките што се во сила за религиозните објекти, доколку џамиите се поголеми од 500 метри квадратни, дозволени се 100 лица.

Дополнително, додава додека секој верник треба да има своја простирка за молитва.

Оваа година, поради пандемијата, забранети се молитви на јавни места, а општините доколку претходно дале дозвола, треба да ја поништат одлуката.

– Секако, ракувањата, бакнувањата раце, прегрнувањата и бакнувањата ја зголемуваат веројатноста за пренесување на болеста и затоа треба да се избегнуваат. Ранливите групи треба да останат дома. Молењето дома е најбезбедниот начин да се исполнат верските должности, а во исто време се заштитува и здравјето. Исто така, забрането е и собирање на над 10 лица на празнични ручеци или вечери, соопштува заменик-министерот за цивилна заштита и на муслиманите во Грција им го честита празникот, порачувајќи им да бидат внимателни за „денот на радост и посветен на Бог да не се претвори во причина и извор на пренесувањето на коронавирусот“.

Би можело да ве интересира

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен