Меркел вети дека ќе продолжи поддршката од ЕУ за Турција

Од:

Германската канцеларка во заминување Ангела Меркел денеска во Истанбул вети дека Европската Унија ќе продолжи да ја поддржува Турција, која има згрижено четири милиони бегалци.

Меркел по средбата со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган истакна дека односите со Анкара ќе бидат од посебно значење за идната германска влада.

Ние секогаш имаме заеднички интереси и така ќе ги гледа следната германска влада, истакна рече Меркел.

Ердоган наведе дека се надева дека успешната соработка со Меркел ќе биде продолжена на ист начин и со новата германска влада.

Тој се заблагодари за „позитивниот придонес“ во процесот на европска интеграција на Турција и за поддршката на тримилионската турска заедница во Германија.

Двајцата лидери разговараа за односите на Турција со Германија и ЕУ, како и за Сирија, Либија и источен Медитеран, каде Анкара и ЕУ имаат различни интереси.

Односите со Турција беа едно од најтешките области за Меркел за време на нејзиниот 16-годишен мандат како канцелар, особено кога Ердоган ги интензивираше нападите врз европските лидери, додека во неговата земја воспоставуваше се поавторитарен режим.

Ердоган повеќе од две години беше на власт кога Меркел во 2005 година стана канцеларка. Тие со текот на годините воспоставија однос заснован на прагматизам, кој беше обележан со неколку кризи.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски