Мекејн: Не верувам дека ќе има војна на Балканот

Од:

Претседавачот на Одборот за Вооружени сили при американскиот Сенат, Џон Мекејн изјави денеска во Сараево дека не верува оти на овие простори ќе има војна, но дека постојат области кои многу загрижуваат, што бара ангажирање од сите земји во регионот и од САД.

– Ќе кажам дека новиот претседател на Србија веднаш дојде овде откако беше избран и не можеме да заборавиме дека судирот кој во првите 50 години од минатиот век го имаше вниманието од целиот свет, започна токму тука. Тоа е аргумент за нас светот да го фокусира вниманието и поддршката за изградба на демократија, кои се нагласени во Дејтонскиот договор. Не верувам дека ќе има војна, но сметам дека ова бара напори од сите земји во регионот, но и од други држави, вклучувајќи ги САД, да се ангажираат, истакна Мекејн.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ