Мекалистер: Влијание на Балканот сакаат Русија, Турција, Кина…

Од:

Претседателот на Комитетот за надворешно-политички работи на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер предупреди дека Балканот е чувствително подрачје каде своето влијание истовремено сакаат да го остварат Русија, Турција, Кина, Саудиска Арабија и Катар.

– Балканот е мошне чувствително подрачје, каде во најкус рок може повторно да се активираат судири, изјави Мекалистер за германскиот весник „Ди Велт“.

Мекалистер, кој е член на Христијанско демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел, додаде дека Европската унија со сите свои сили се обидува да се спротивстави на тие влијанија.

Тој изјави дека Москва во Србија се обидува да влијае врз медиумите, некои политичари, како и врз цивилното општество.

– Русија во Србија поддржува една дестабилизирачка политика. Тоа дава причина за голема загриженост, рече Мекалистер.

Тој нагласи дека истовремено медумите во Србија имаат голем број приврзаници на руската политика, што според него, исто така е голем проблем.

– За ЕУ тоа може само да значи дека нашата приврзаност кон Србија мора да добие поголема поддршка во тамошната политика и цивилното општество и нашето влијание мора да биде видливо, рече Мекалистер.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ