Мекалистер: Новата методологија носи „повеќе за повеќе и помалку за помалку“

Од:

Претседавачот на Надворешнополитиката комисија во Европскиот Парламент Дејвид Мекалистер оценува дека новата методологија на проширување треба процесот на пристапување во ЕУ да го направи повеќе политички и покредибилен, но и ќе има конкретни бенефити, односно санкции.

Новата методологија треба да донесе повеќе за повеќе и помалку за помалку сработено, појасни Мекалистер.

Тој вели дека било јасно оти нешто мора да се случи по минатогодинешниот неуспех на Европскиот совет да се договори околу отворање пристапни преговори со Скопје и Тирана.

Сега е важно новата методологија на Европската комисија да ги убеди Париз, Хаг и Копенхаген да се откажат од противењето за отворање пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, а потоа и Самитот ЕУ-Западен Балкан да биде успешен, заклучува Мекалистер.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа