Медведев од Белград: Ќе дадеме секаква помош да се зачува суверенитетот, сакаме мирно решение за Косово

Од:

Премиерот на руската федерација, Дмитриј Медведев од српскиот парламент во Белград пред пратениците порача дека Русија ќе пружи секаква помош за зачувување на суверенитетот на Србија. Тој е во еднодневна посета на Белград поради прославата на годишнината од ослободувањето од фашизмот.

-Потребно е да се чува вистината за војната и да се спротивстваиме на ревизијата на историјата. Во некои европски земји се уриваат спомениците на војниците кои ги ослободија од фашизмот, а џелати кои убија милиони луѓе се прославуваат сега како херои. Целта на таквите манипулации е да се промени светот и нормите во меѓународното право. Србија, за жал ги почувствува последиците на дејствијата спротивни со меѓународното право, мислам на случувањата од 1999 година. Русија го поддржува српскиот народ и ќе дадеме секаква помош да се зачува суверенитетот, рече Медведев и додаде дека Русија сака мирно решение за косовското прашање и почитувње на Резолуцијата 1244.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски