Медведев му напиша на Додик: Со топлина се сеќавам на нашите средби…

Од:

Поранешниот руски претседател и заменик-шеф на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, му ја честиташе изборната победа на новоизбраниот претседател на Република Српска и лидер на СНСД, Милорад Додик. Додик со пофали со честитката на Медведев на Твитер.

Покрај честитките, Медведев го пофали и Додик.

„Ве молиме прифатете ги моите искрени честитки за победата на СНСД на општите избори во Босна и Херцеговина. Овој успех е доказ дека конзистентната политичка насока спроведена под ваше водство е силна и релевантна и резонира со српскиот народ во вашата земја. Во потполност го поддржуваат ставот на СНСД, кој ја поддржува воената неутралност на Босна и Херцеговина.

Високо го ценам вашиот личен придонес за продлабочување на сеопфатната соработка со Русија. Исто така, со топлина се сеќавам на нашите средби. Очекувам дека ќе го продолжиме дијалогот заснован на довербата и интересот на нашите народи, што вклучува натамошен развој на меѓупартиските контакти.

Ви посакувам, почитуван господине Додик, добро здравје и многу успех, а на сите граѓани на Република Српска им посакувам мир и благосостојба“, му напиша Медведев на новиот претседател на Република Српска, Милорад Додик.

Би можело да ве интересира

Додик: Ги прекинуваме сите контакти со американската и британската амбасада

Американците остро го осудија Додик

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Уапсен екс министер во владата на Република Српска: Им ги дупнал гумите на автомобилите на соседите

Ана Ололовска

Месиќ: Ако Додик се одлучи за сецесија, би ја ангажирал армијата за да се пресече коридорот во Посавина

Ана Ололовска

Изетбеговиќ: Без СДА не може да се формира влада во Федерацијата БиХ

Ана Ололовска

Додик за „Заедницата на српски општини“ во Косово: Еден ден тоа ќе биде Република Српска

Ана Ололовска