Медиуми „го умреа“ црногорскиот владика Амфилохије, Црквата ја демантира веста

Од:

Повеќе медиуми од Црна Гора и од регионот вечерва објавија дека Митрополитот црногорско-приморски на Српската православна црква, Амфилохије, починал како последица на компликации од Ковид-19, но неговата Митрополија ја демантираше веста како лажна и соопшти дека владиката е во стабилна состојба.

„По повод дезинформациите кои се појавија во врска со здравствената состојба на Митрополитот Амфилохије, ја известуваме јавноста дека во однос на денешниот извештај, состојбата е непроменета. Проблемот со воздухот во средината на белите дробови е под надзор на лекарскиот тим, кој од самиот почеток се грижи за закрепнувањето на високопреосвештениот митрополит Амфилохије,“ се вели во соопштението од Приморската Митрополија на СПЦ.

Денеска, за време на контролен преглед, било забележано дека на митрополитот му е отежнато дишењето, а имал и болки во градниот кош. Анализите покажале дека тој има состојба наречена пневмомедиостинум, во која се собира воздух во средниот дел од белодробните крила. Состојбата често се јавува кај пациенти на кои белите дробови им се исцрпени по долготрајни воспаленија.

Митрополитот повеќе од 20 дена се лекува во болница, а досега не бил приклучен на респиратор, според медиумските извештаи. На 20 октомври беше објавено дека тој имал и еден негативен тест, но подоцна состојбата му се влоши.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора