Маж и бремена жена од Зрењанин починале од задушување со плин

Од:

Вчера во стан во Зрењанин биле пронајдени телата на Катарина Ј. и Никола Б., а српската полиција се уште ја утврдува причината за нивната смрт.

Се сомневаат дека се задушиле со истекување на плин од печката.

Телата се пренесени на обдукција, по што ќе се знаат повеќе детали. Младиот пар се всели во зградата пред само неколку дена, пишува Нова.рс.

Телата се пронајдени на ќебе на подот, а бидејќи во собата немало кауч, се претпоставува дека спиеле на подот.

Соседите рекоа дека Катарина била бремена во четвртиот месец. Последен пат ги виделе младиот човек и девојката во саботата кога се вселиле во зградата.

Целиот случај бил откриен откако соседите го алармирале сопственикот на станот.

„Соседот почувствувал голема топлина од соседниот стан и ѕидот бил жежок. Ја известил газдарицата и дошле таму. Станарите ја скршиле вратата и потоа настанал шок. Двајцата лежеле мртви, крв излегувала на нивните усти. Плинскиот шпорет беше максимално вклучен“, велат тие.

Сопственикот потоа повикал полиција.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати