Материјална штета врз куќи од пожарот во близина на Атина

Од:

Грчката противпожарна служба успеа да го стави под контрола големиот пожар во областа Саронида, во источниот дел на регионот Атика, на околу 50 километри од центарот на Атина, а огнените јазици предизвикаа материјална штета на дворови и делови од куќите што се наоѓаат во близина.

Пожарот избувна во област што не е густо населена, но дел од куќите беа во опасност и затоа со одлука на противпожарната служба се евакуираа граѓаните.

Од надлежната општина, преку Фејбук упатија апел до жителите што се во близина да ги напуштат домовите, а добиле и порака за евакуација од бројот за итни случаи 112.

Во справувањето со огнените јазици учествуваа 42 пожарникари со 19 возила и четири хеликоптери од кои еден е за координација, а силниот ветер дополнително го отежнуваше гаснењето на пожарот.

Паралелно, под контрола е ставен и шумскиот пожарот во областа Илиас, во западниот дел на Пелопонез, каде што интервенираа 60 пожарникари со 20 возила, две пешадиски единици, два авиони, еден хеликоптер и четири цистерни од општината.

Од противпожарната служба на Грција соопштуваат дека во делот каде што изби пожарот, 57-годишен маж ја загубил свеста веројатно од патолошки причини и веднаш бил пренесен во болница каде што и починал. Од судската медицина, се очекува да ги утврдат точните причини за смртта.

Би можело да ве интересира

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Пожарот кај Шибеник го гаснат повеќе од 50 пожарникари и „канадери“

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Се запали воз во Белград

Горан Наумовски