Масовен протест на опозицијата во Тирана

Од:

Албанската опозиција денеска одржа нов мирен масовен протест, со главно барање оставка на премиерот Еди Рама, за кого смета дека е главниот виновник за се она што се случува со дрогата во земјата, јави дописникот на МИА од Тирана.

Протестот се одржа пред Владата во Тирана под мотото „Еден народ на нозе против дрогата“.

Опозицијата тврди дека присуствувале неколку десетина илјади приврзаници на опозицијата, неопределени граѓани, како и отпуштените административци кои веќе трет ден штрајкуваат во поставени шатори пред владата и тврдат дека се отпуштени бидејќи се поддржувачи на десницата.

Обраќајќи се пред насобраната толпа граѓани, лидерот на демократите и актуелен градоначалник на Тирана Љуљзим Баша, обвини дека земјата тоне во дрога во која учесник е првиот човек на владата, Еди Рама и ги повика судските институции да покренат обвинение против премиерот за директно учество во шверцот со дрога и негово помагање.

Тој нагласи дека опозијата нема за цел блокирање на кандидатскиот статус за ЕУ, туку дека ова е добра можност на Европа да и се упати порака дека Албанците се за Европа а против дрогата.

– Овде е Тирана, срцето на земјава, овде е југот и северот, тука се Албанците на нозе, Албанците на плоштад, Албанците обединети без оглед на политичката и друга припадност, Албанците против еден многу опасен непријател кој и се заканува на нашата земја, кој ја минимизира цивилизацијата, бара да се уништат нашите традиции, да ги згази нашите слободи, за го уништи нашиот европски сон. Тој непријател е дрогата, појава која во последните 5-6 месеци доби загрижувачки размери. Главен виновник за тоа е Еди Рама и затоа час поскоро треба да си оди, рече Баша, додавајќи дека вредноста на запленетата дрога во првите четири месеци од годинава надминува 250 милиони евра.

Минатиот петок со масовниот протест, одржан пред албанскиот парламент, под мотото „Албанија кон Европа а не кон Колумбија“ опозицијата најави серија протести се до соборување на актуелнта власт.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“

Двајца македонски туристи останале блокирани во заливот Филикури кај Химара, ги спасила полицијата