Марковиќ: Црна Гора не е веќе сама на глобалната сцена, членка е на НАТО

Од:

Црна Гора не е веќе сама на глобалната сцена, бидејќи е членка на НАТО, изјави денеска црногорскиот премиер Душко Марковиќ пред Парламентот.

– Денешната Црна Гора е отпорна на агресија и негирачи на нејзината независност, рече Марковиќ одговарајќи на пратенички прашања.

Како што пренесува радиото Антена М, на прашањето кој е одговорот на Владата на се почестите обиди на надворешни и внатрешни фактори за загрозување на мирот, стабилноста, демократијата и граѓанското општество во Црна Гора, Марковиќ рече дека тие напади не се ништо ново, туку се само „повеќе видливи“.

– Нашите одлуки може да бидат лоши и недоволно докажани, но тие се наши. Можеби не сме добра власт, но сме црногорска и независна. Граѓаните ќе проценат колку сме успешни на изборите оваа година, рече Марковиќ.

Би можело да ве интересира

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

Допис од НАТО покажува дека Ковачки бил одбиен за безбедносен сертификат, тој вели: Не сум бил одбиен, ниту сум го повлекол барањето

Александар Тодески

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора

Нов земјотрес ја погоди Црна Гора