Mарко Милошевиќ не се враќа во Србија

Од:

Милица Гајиќ, невенчаната сопруга на Марко Милошевиќ, кој во 2000 година побегна во Русија, изјави дека синот на поранешниот претседател на Србија, Слободан Милошевиќ, нема да се врати дома. За таквата одлука, меѓу другото, придонела неговата лоша здравствена состојба.

-Тоа што не и е познато на јавноста е дека Марко е сериозно болен и не живее живот како што вие претпоставувате. Во моментов води битка против многу сериозна болест, последица на се она што му се натовари во изминатите години на грбот. Болеста е клучниот фактор во неговата одлука никогаш да не се врати во Србија, изјави Гајиќ за „Nedeljnik Pressa“ додавајќи дека тој контактира со неговата поранешна сопруга со која има 13 – годишен син.

Марко Милошевиќ избега од Србија веднаш по соборувањето на Социјалистичката партија на Србија. Тој беше обвинет за тепање на членовите на Отпор, Небојша Соколовиќ и Момчило Вељковиќ, но беше ослободен од обвиненијата поради ограничување на постапката, што му овозможува без било каква санкција да се врати во Србија.

Приказните за враќањето на Марко Милошевиќ и Мира Марковиќ, неговата мајка и сопруга на Слободан Милошевиќ, се актуелизира по победата на Томислав Николиќ на претседателските избори и доделувањето на мандатот на Ивица Дачиќ, лидерот на СПС, за формирање на новата српска влада.

Без оглед на се, Милица Гајиќ изјави дека Марко во изминатите 12 години никогаш не размислувал за враќање.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати