Малиќи: Мета пред анкетната комисија е „шоу” на владејачките социјалисти

Од:

Додека претседателот Илир Мета е на распит пред парламентарната анкетна комисија, која испитува дали има непочитување на Уставот од негова стрна, првата реакција доаѓа од независниот пратеник во албанскиот парламент, Лефтер Малиќи. Повикувањето на претседателот од анкетната комисија според Малиќи е „шоу” на владејачките социјалисти.

Соред него тоа се први со цел медиумска дискредитација на претседателот. Тој оцени дека доколку Мета не ја повлечел уредбата за локалните избори кои претходно ги закажа за 30 јуни,тогаш во „Албанија ќе имало судири и крвопролевање”.

– Она што ќе го слушнете денеска од Улси Мања (претседател на комисијата) крадецот на гласови во Пешкопеја е „шоу”. Апелирам до меѓународните претставници и чесните социјалисти да ја стопираат оваа авантура, изјави Малиќи.

Тој додаде дека „она што денеска се случува е дискриминција на мисијата на Парламентот на Албанија”.

Инаку, во 10:00 часот претседателот Мета со тројца свои советници влезе во законодвниот дом. Претходно од неговиот кабинет до комисијата, по нејзино барање, беше доставен одговор со образложение на 20 страници.

Ова е првпат во историјста на земјата шеф на државата да се сооочи со анкетна комисија, под обвинение за непочитување на Уставот.

Според тиранската телевизија Топ чанел соочувањето на Мета со анкетната комисија е „очекуван спектакл”.

Во текот на денов во Тирана ќе допатува делегација на Венецијанската комисија.

Би можело да ве интересира

Албанија: Над една третина од тестираните позитивни на Ковид-19

Ана Ололовска

Бериша жестоко ја нападна амбасадорката Ким: Како да е претставник на Рама, а не на американската Влада

Ана Ололовска

Делумните предвремени избори за градоначалници Албанија ќе ја чинат околу 1,5 милиони евра

Ана Ололовска

Албанија покриена со снег, од понеделник краток прекин на наставата во училиштата

Ана Ололовска

Мета: Едвај чекам да се вратам во политичките битки, на земјата и е потребно вистинско лидерство

А1он

Единаесет години од протестот на социјалистите во Тирана во кој беа убиени четири лица