Макрон-Меркел: Подготвени сме да ги поддржиме Србија и Косово во наоѓањето решение

Од:

Поради фактот дека нормализирањето на односите меѓу Белград и Приштина е многу важно за безбедноста и стабилноста во регионот, како и од големо значење за нивната европска перспектива, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел изразија подготвеност и понатаму да ги поддржуваат двете страни и ЕУ во изнаоѓањето решение за проблемот со Косово.

Во соопштението, исто така, се најавува дека преговорите ќе почнат на 12 јули, прво преку видео конференција на двете страни, а потоа на 16 јули ќе се одржи првиот состанок, односно дијалог, во Брисел. Домаќини на тие состаноци ќе бидат високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот и регионални прашања на Западниот Балкан, Мирослав Лајчак.

Како што е наведено во заедничкото соопштение на домаќините на денешниот видеосамит, Макрон и Меркел се подготвени повторно да организираат самит како денешниот, доколку е потребно, во некоја следна пригода.

На денешниот видеосамит учествуваа српскиот претседател Александар Вучиќ, косовскиот премиер Авдулах Хоти, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот и регионални прашања на Западниот Балкан, Мирослав Лајчак.

Вучиќ и Хоти се договориле да го продолжат дијалогот, кој е прекинат во ноември 2018 година. Тој дијалог, како што се наведува во соопштението, ќе биде и понатаму поддржан од страна на ЕУ со цел нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина преку сеопфатен, конечен и обврзувачки договор.

Српскиот претседател и косовскиот премиер се договориле да ги зајакнат напорите на многу полиња во рамки на Берлинскиот процес, како важна мерка за воспоставување доверба.

Макрон и Меркел ги охрабруваат Вучиќ и Хоти во следните месеци да постигнат суштински напредок во преговорите.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ако Франција испрати војници во Украина, директен конфликт со НАТО е неизбежен

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Макрон не исклучува испраќање западни трупи во Украина

Катерина Ѓуровски

Бајден ги измеша Ангела Меркел и Хелмут Кол кој почина во 2017 година

Катерина Ѓуровски

Макрон веќе не му се јавува на Путин

Макрон: Училиштата ќе бидат немилосрдни во забраната за носење муслиманскa абаja

Меркел го доби највисокото германско државно признание