Македонски полицајци ќе го чуваат црногорското приморје летово

Од:

Четворица македонски полицајци ќе бидат задолжени да го чуваат редот и мирот во текот на летниот период во Црна Гора. Тие заедно со нивни колеги од Албанија, Хрватска, Италија и Србија ќе бидат дел од оперативната акција „Лето 2013“ со која треба да се сочува безбедноста во Црна Гора, која годинава се очекува да прими околу 1,5 милиони туристи.

Ваквата одлука уште пред два дена ја соопшти помошник директорот на Полициската управа, Никола Јањушевиќ, кој за РЦГ изјави дека Црна Гора до крајот на неделата ќе потпише меморандум со повеќе држави, со кој се очекува со зголемувањето на полициските сили да се зајакне безбедноста на гостите.

– Ние го држиме епитетот на стабилна држава. Тоа е причина повеќе туристите да пристигнуваат во наредните три месеци. Одговорноста е голема, но наша задача е да бидеме на во служба на граѓаните – рече Јањушевиќ.

Од македонското МВР ја потврдија информацијата. Од таму информираат дека се работи за четворица полицајци, кои од 1 Јули до крајот на август ќе патролираат на црногорското приморје. Во периодот од два месеци, тие ќе добијат плата од хрватското МВР, но не и од македонското.

– Ваков договор Македонија имаше и со хрватското министерство минатата година, кога испративме двајца македонски полицајци. Годинава, стоиме на располагање и на Црна Гора. Сепак, нашата полиција ќе биде распоредена на местата каде најчесто доаѓаат македонски туристи, со цел да им помогнат и излезат во престрет доколку постои некаков проблем – објаснуваат од МВР.

Акцијата „Лето 2013“ веќе започна од 1 Јуни и ќе трае до крајот на август. Сепак, граѓаните на Црна Гора реагираат и се незадоволни од ваквата одлука на црногорското Министерство за внатрешни работи. Тие негодуваат дека голем број од дипломираниот образовен кадар на Полициската академија чмае дома чекајќи работа, а од друга страна државата ангажира полиција од соседните држави.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Шверцувани цигари вредни над милион евра запленети во Црна Гора

А1он

СЗО во Црна Гора препорача училиштата да се отворат кога епидемијата ќе биде под контрола

А1он

Црна Гора планира да ги отвори границите за регионот

А1он

Два милиони евра од ОН за Црна Гора да се справи со коронавирусот

А1он

ВИДЕО: Во повеќе црногорски градови одржани авто-литии

Ана Ололовска

Во екот на сезоната во Црна Гора има 92 проценти помалку туристи

А1он

Leave a Comment

14 + 19 =