Македонски државјанин учествувал во сообраќајка во Албанија

Од:

На патниот правец Елбасан-Пеќин попладнево се случи сообраќајна несреќа во која учествувал и македонски државјанин.

Во собраќајката се повредени три лица откако камион управувам од македонскиот државјанин удрил во автомобил мерцедес. Повредените се пренесени во болницата во Елбасан и се вон животна опасност.

-Сообраќајната несреќа се случи на патниот правец Елбасан-Пеќин, кај селото Папер. Од се уште непознати причини дошло до судар меѓу автомобил „мерцедес“ управуван од жител на Тирана и камион со кој управувал македонскиот државјанин од Тетово, стои во полициското соопштение.

Се додава дека увид врши истражна екипа, која треба да ја расветли причината за несреќата.

Би можело да ве интересира

Автомобил излетал од тркачка патека и влетал во публика: Има мртви, меѓу нив и дете

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Несреќа во Турција: Туристи паднаа од кабина на жичарница, има и мртви

А1он

Загина чешки турист додека фотографирал огромни бранови на Канарските острови

Молотови коктели на протест во Тирана