Македонија се покажа посилна од Бугарија

Од:

Всекиден – Софија

Глобализацијата во својот најчист вид. Во ариевска Европа, според жалбите на мнозина расистички настроени Бугари, навлегуваат ужасен број „црни“ Арапи, валкани луѓе без култура. Така кај нас на почетокот на бегалската криза заради војната во Сирија, се третираат мигрантите. Кога ја поставија оградата и затворените кампови покрај Хараманли и Софија, народот се смири. Истата таа криза зачука и на вратите на соседите, но таму наместо да ги спуштаат решетките, ги оставија рајберите отклучени. За прилив кон „ариевска“ Европа.

Сиромашната Македонија и без армија, ги отвори своите граници за бегалците од два континенти. Не ги прифаќа, едноставно ги пропушта да преминат за да стигнат до цивилизацијата. Од војната кон мирот. Се покажа дека Бугарија е на челното место во идејата на бегалците од Сирија и Ирак за место каде не се препорачува престој. Затоа што тука ги затвораат по камповите и се бара чекање од неколку месеци за статус кој ќе им даде право на слободно движење. Грција, Македонија, Србија, а веројатно и Унгарија, се истиот тој транзит кој можеше да биде и патот од Мало Трново или Елехово до Калотина или Видин.

Само што разликата доаѓа од тоа што додека стигнат до западните пунктови кај нас, постои голем ризик оние кои бегаат од бомбардирањата над Дамаск или Кабул да бидат заточени во затворени зданија, или уште полошо, да бидат истепани до смрт од тврдолинијашите од „чистата крв“ на татковината. Македонија има помалку ресурси да прима мигранти, ниту каков и да е механизам за се справи адекватно со хуманитарната криза која за неколку часа се појави на железничката станица во Гевгелија, каде се тркалаа бебешки памперси и испокинатите облеки на изморените од илјадници километри изодените возрасни луѓе.

Да, гневни се и не, не сите се чисти и образовани, не сите од нив се бегалци и многу е можно меѓу нив да има и ултрафундаменталистички елементи.

Но станува збор за масата за која Бугарија набрзина ги затвори сите порти, повторно од страв. Тука доаѓа вџашувачката статистика за бројот на оние кои ја минале грчко-македонската граница и понатаму се насочени кон српската, и тоа се прифаќа лефтерно со: „Ами нека одат, кој ги сопира. Не ме интересира“. А ако владата се нечка да насочи хуманитарна помош кон двете директно засегнати соседки, повторно ќе има гневни завивања зошто да се трошат државни пари за оние „црни“ Арапи, а не се двоело доволно за пензии и за социјални услуги.

Само за споредба – бруто внатрешниот производ по глава на жител во братска Македонија е за над 4000 американски долари понизок од бугарскиот. Само што од Гевгелија беа организирани автобуси за бегалците за побрзо да стигнат од границата со Грција до онаа со Србија. Тука кај нас има ограда и камп за нив. Тоа е еден и иста кафанска ограда.

– На другиот крај, светот е полн со луѓе од друг вид чија чаша е пукната или сосдема скршена (обично од оние луѓе кои настојуваат за поголема чаша) или пак воопшто затоа што не успеваат да го привлечат вниманието на барменот? На странец не му се одбива засолниште или храна. Ниту чаша. Македонија ја наполни и се покажа посилна и понеисплашена од глобализацијата.

Би можело да ве интересира

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори