Македонија меѓу земјите за кои од 15 јуни е дозволен влез во Грција

Од:

Нашата земја е меѓу 29-те држави од Европа и светот, за кои од 15 јуни ќе биде дозволено патување во Грција, според листата од Министерството за туризам на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што е веќе познато, за влез во Грција нема да биде потребен тест, туку ќе се прават анализи по случаен избор.

Од министерството за туризам на Грција соопштуваат дека конкретната листа била направена откако бил проучен епидемиолошкиот профил на земјите од каде потекнуваат туристите, биле земени предвид вчерашните соопштенија од Европската агенција за безбедност во воздухопловството (ЕАСА), како и соодветната препорака од Комисијата за заразни болести од грчкото Министерство за здравство.

На листата од Министерството за туризам на Грција се следните земји: Албанија, Австралија, Австрија, Северна Македонија, Бугарија, Германија, Данска, Швајцарија, Естонија, Јапонија, Израел, Кина, Хрватска, Кипар, Латвија, Либан, Литванија, Малта, Црна Гора, Нов Зеланд, Норвешка, Јужна Кореа, Унгарија, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Чешка и Финска.

За земјите кои што не се вклучени во листата, остануваат во сила актуелните правила, додека пак пред втората фаза на отворањето на грчкиот туризам на 1 јули, ќе биде објавена нова листа.

Од Министерството за туризам на Грција, соопштуваат дека „во секој случај, епидемиолошкото следење и оценувањето ќе бидат континуирани“.

Би можело да ве интересира

Во соседна Грција фатени две лица со речиси пет илјади наркотични таблети

А1он

Од 15 јули дозволени директни летови од Велика Британија кон Грција

Ана Ололовска

До смрт избоден со нож 19-годишен мигрант во бегалскиот камп Мориа на грчкиот остров Лезбос

Ана Ололовска

Во првата половина на 2020 година за 51 отсто намалени брановите бегалци и мигранти во Грција

Ана Ололовска

Српски туристи цела ноќ чекале за влез во Грција пред да се затвори границата

Ана Ололовска

Грција од утре ги затвора границите за Србите

А1он