Македонија една од темите на средбата Ципрас – Столтенберг во Брисел

Од:

Договорот од Преспа и двајцата грчки војници кои и понатаму се во затвор во Турција, биле темите за кои разговарале грчкиот премиер и генералниот секретар на НАТО на нивната вчерашна средба на маргините на Европскиот совет во Брисел, според грчката новинска агенција АНА-МПА.

– Средбата траеше околу 20 минути и според владини извори, господинот Ципрас истакна дека врз основа на потпишаниот договор јасна е рамката дека треба да се заврши целиот предвиден процес, за да се упати покана од НАТО до ПЈРМ. Господинот Столтенберг, од негова страна, рече дека договорот со НАТО е во овие рамки, пишува АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Би можело да ве интересира

Поголемиот број кластери на Ковид-19 во Грција се од свадби и од фабрики

А1он

Лажните вести и теориите на заговор за Ковид-19 пред грчкото oбвинителство

А1он

Грчкиот премиер направи мали промени во Владата

А1он

Во Грција само преку „Евзони“ до 15 август

А1он

Двајца починати и 77 нови случаи на Ковид-19 во Грција

А1он

Пет случаи на заразени со коронавирус во грчкиот ватерполо тим

А1он