Мајко: Водачите на ОВК се невини, не постои „жолта куќа“

Од:

Продолжуваат реакците во Албанија по подигањето обвиненија и апсењето на поранешните водачи на ОВК од Косово,чиј заеднички именител е дека обвинувањата се неосновани.

По албанскиот државен врв и лидери на политички партии, гостувајќи во телевизиска емисија, актуелниот министер за дијаспора и премиер токму во времето на војната во Косово, Пандели Мајко, кој често знае да се пофали со својот придонес за „слободата на Косово,“ изнесе свое мислење и околу така наречената „жолта куќа“.

-Да беа обвинувањата вистина до сега ќе беа снимени многу документарни филмови, ќе имаше информации од партнерските земји, членки на НАТО. За ваше запознавање, за време на војната, во Албанија, на барање на албанската влада, беше воспоставена мисија на Хашкиот трибунал за испитување на воени злосторства и оваа мисија беше сместена во вилата на премиерот затоа што јас не живеев таму. Истражуваа и собираа информации за воени злосторства кои доаѓаа од српска страна, рече Мајко.

Тој додаде дека што се однесува до тврдењата дека ваквите злосторства биле извршени од ОВК, тој оценува дека не само што се прекумерни, туку би го довеле во прашање присуството на силите на НАТО и додаде дека меѓународното присуство во Албанија било вонредно.

Тој одговори и на прашањето за „Жолтата куќа“ каде постојат сомненија дека биле вадени органи од лица од српска и ромска националност од Косово, што во својата книга го споменува и поранешната главна хашка обвинителка Карла дел Понте, а за што истрага спроведе и специјалниот известувач на Советот на Европа, Дик Марти.

Според Мајко тврдењето на Марти дека во таа куќа биле држени и мачени противниците и заробениците од страна на ОВК и им биле вадени органи е инсинуација за да се направи смена на политичката елита во Косово.

-Не пости никаков документ кој потврдува вакви појави,како оние кои се напишани од специјалниот суд. Сета оваа бура, се прави за смена на политичката елита на Косово. За позицијата на Албанија и војната има документи, има досиеја за секоја земја учесник и архивите на НАТО. Ова е драма за сите. Може да се избере поинаков метод за смена на политичката елита во Косово. Ова е мое мислење, вели Мајко.

Жолтата куќа, која во меѓувреме бојата ја смени во бела, се наоѓа во селото Гур, општина Мат, во северосточниот дел на Албанија.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он