Мајко побара од Тачи косовско државјанство

Од:

Поранешниот албански премиер, социјалистот Падели Мајко, на денешната средба во Приштина, од косовскиот премиер Хашим Тачи побарал отпочнување процерува за добивање косовско државанство.

– Денеска имав посебни емоции повторувајќи му на мојот пријател и премиер на државата Косово, да ми даде почит и задоволство набрзо да почнам процедура за добивање косовско државјанство. Многуграѓани на Косово сакаат да бидат и државјани на Албанија, но не заборавајте дека од друга страна, како што сум јас, оваа страна ја сметаат за нивна татковина, нивен народ, изјавил Мајко.

Мајко, за кого Македонците од Албанија тврдат дека влече корени од Прилеп, недоамна во изјава за весникот Шекули тврдеше дека потеклото му е од Германија. Иаку, во изјвата по средбата Тачи, потсетил на пријателството со Мајко од 1998/99 за време на косовската војна, кога Мајко беше албански премиер.

Тие, според Тачи денска разговарале околу последните случувања во Косово и регионот, можностите за унапредување на соработката меѓу Албанија и Косово, но и за европските стандарди и вредности.

– Мојот драг пријател Мајко го запознав и со договорот потпишан меѓу Косово и Србија за нормализирање на односите меѓу двете држави и народи, како договор со кој Косово победува, но исто тка кој рефлектира за доброто и на Србија и за европеизација на целиот регион, договор кој имаше целосна подршка од албанската држава, владата и целокупната албанска политика, изјавил Тачи, заблагодарувајќи и се на политика на Тирана за многу коректниот и одлучен став во прилог на регоналниот мир, стабилност и соработка.

Според Тачи во имплементацијата на договоорт ќе бидат вклучени институциите на Косово, НАТО, Еулекс, со целосна поддршка на ЕУ, САД но и ОБСЕ.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина