Мајко: Македонија нема потреба од политичари-чувари, туку од реформатори

Од:

Во интервjуто дадено за порталот „Алмакос“ поранешниот премиер на Албанија и еден од најугледните албaнски политичари, се осврнува и на политичката сосотојба во Mакедонија при што вели:

„Во овој миг, колку што можам да заклучам од далечина (можеби грешам), политиката во Македонија има „федерална“ форма. Оваа нејзина форма се одвива далеку од очите на јавноста. Таа постои како „џентлементска неформалност“, која овозможува поделба на зоните на влијание врз етничка основа и практика, а се за да се контролираат проблемите при владеењето.

– Принципот е едноставен, според него Албанците владеат со Албанците, а Македонците со своите. Ова има донекаде смисла, но е привремено и персонализирано, при што ни најмлаку не е здраво за функционирање на државата. Македонија нема потреба од политичари „чувари“, туку од реформатори на една држава која се наоѓа на крстосницата на историската можност да биде нов модел на балканските конфликти … Или да се претвори во регионална „Швајцарија“ , во чија Женева ќе слетат авионите на политичарите од регионот кои се „жедни“ за кислород и договори… „

Во врска со последните судири меѓу коалиционите партнери, Мајко смета дека Груевски треба да ја искористи историската можност што му се укажува и заедно со Али Ахмети да ја променат Македонија и нејзината историја..

„Да ја градиш иднината на Балканот и да собираш гласови за да владееш со народот, често се сосема две различити нешта. Несомнено е дека историјата ќе ги памети само тие што умеат да ризикуваат“, вели Пандели Мајко во своето интервју за порталот „Aламкос“.

Би можело да ве интересира

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Земјотрес во Албанија

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

ВИДЕО: Повторно хаос во албанскиот парламент, сесијата заврши предвреме поради немири

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Црна Гора

Горан Наумовски