Мајка херој: Лејла ја спаси ќерка си (13) од поплавата, цел регион и се восхитува

Од:

Лејла Захириќ моментално е најхрабрата жена која успеала да се спаси себеси и својата ќерка во катастрофалните поплави кои ја погодија Босна и Херцеговина.

Лејла Залихиќ покажа колку голема може да биде мајчинската жртва и што е подготвена да направи мајката за да го спаси животот на своето дете. Таа е олицетворение на храброста и безусловната љубов, сето она што го носи најубавиот збор на светот – „мамо“.

Храбрата Лејла, храбрата мајка и храбрата сопруга, скокна од третиот кат од својата куќа, исплива три километри во порои за да ја спаси својата 13-годишна ќерка за време на катастрофалните поплави кои го зафатија Бутуровиќ Поље.

Како што пишува Коњичани, Лејла, нејзината ќерка, сопругот и свекрвата ноќта на страшните поплави завршиле во поплавата, а куќата целосно им била уништена од оваа елементарна непогода.

Без ориентација, со многу повреди во мрачната ноќ, се спасени по оддалеченост од повеќе од три километри, во Јабланичкото езеро. Лејла има видливи повреди и е хоспитализирана, сопругот и ќерката се добро, додека потрагата по нејзината свекрва се уште трае.

Лејла со јавноста го сподели своето трауматично искуство и откри низ што поминала.

„Не знам колку беше часот, можеби дванаесет и пол. Јас и сопругот, тринаесетгодишната ќерка заспавме, а свекрвата беше на вториот кат. Ни се јави соседот и ни кажа да бегаме, затоа што куќата ќе ни се поплави. Излеговме низ прозорецот и видовме дека водата влегува. Се качивме на вториот кат, а водата постојано влегуваше. Зедов некои основни работи, како лични документи и слично. Се качивме на третиот кат и вртевме во ГСС, Итната помош, меѓутоа мостот преку кој требаше да дојдат не беше веќе прооден, кажа Лејла. На третиот кат се задржале еден час, а кога водата веќе и таму почнала да надоаѓа им било јасно што следува.

„Почувствувавме кога куќата еднаш силно се заниша, потоа втор пат и трет пат и се срушивме сите заедно со неа. Се сеќавам дека ги слушнав врисоците на мојот сопруг, свекрвата и ќерка ми и не се сеќавам веќе на било што. Ќерка ми ја забележа светилката во мојата рака и почна да ме довикува. Не можев да стигнам до неа од дрвја, куќни апарати, предмети. Почнав да ги туркам, да нуркам под нив, одев над нив, расчистував да дојдам до неа. Кога ја најдов почнав да ја влечам, ни беше премногу тешко, чизмите ни беа натопени, облеката, но успеавме да стигнеме до брегот, каде што седевме можеби час и половина. Се обидувавме да откриеме каде да одиме, не знаевме во која насока да се оди“, изјави Лејла за Аваз.

Таа во тој момент не знаела ништо за нејзиниот сопруг, а подоцна ја известиле дека е жив.

Би можело да ве интересира

Додик: Бараме начин момчињата од Српска да служат војска во Србија, би им дале привилегии

ВИДЕО: Додик запеа по победата на Трамп

Додик: Западот го резервира Балканот за своите цели

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина

Осмооделенец избоде ученичка со нож во училиште во Суботица

Предраг Петровиќ

Србија: Курти шири дезинформации