Лукшиќ: Црна Гора пред најсложената фаза од евроинтеграциите

Од:

Црногорскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Игор Лукшиќ денеска изјави дека земјата во следниот период ја очекува најсложената фаза во процесот на приклучување кон Европската унија и НАТО.

– Евринтеграциските предизвици и евроатлнатската агенда, исто така, според обемот и комплексноста се многу тешки. Иако, големи, целите кои ги поставуваат дадените предизвици се големи, изјави Лукшиќ.

Лукшиќ на отворањето на 11. генерација на Училиштето за демократско управување, изјави дека Црна Гора во претходниот период докажала дека поседува знаење, квалитет и капацитет за успешно спроведување на интеграционата агенда.

– Продолжуваме посветено да работиме на остварување конкретни, видливи резултати, изјави Лукшиќ.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора