Луксембург стана првата земја, која потпиша меѓувладин договор со Косово.
Договорот вклучува доставување помош на Косово во износ од 24 милиони евра за четири години, јавија денеска приштински медиуми. Главниот дел од тие средства ќе биде наменет за здравството.
Откако по многу тешки преговори беше постигнат договор за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово, Луксембург стана првата земја од 27 земји од ЕУ, која склучи меѓувладин договор со Приштина.
Првиот меѓувладин договор со Косово потпишан во Луксембург, веројатно ќе го започне процесот на склучување слични договори на Приштина со други држави од ЕУ.
Пет членки на ЕУ – Шпанија, Грција, Кипар, Романија и Словачка не ја признаа независноста на Косово.