Лошото време го одложи лансирањето на првиот словенечки сателит во вселената

Од:

Лошото време во Француска Гвајана повторно го одложи лансирањето на првиот словенечки сателит во вселената, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Во последен момент беше откажано лансирањето на ракетата носач, која практично во орбитата требаше да ги однесе сателитите наречени Трисат и Немо ХД.

Засега не се знае кога ќе биде следниот обид за лансирање на ракетата Вега од космодромот во Француска Гвајана.

Извршниот директор на Аријанаспејс Стефан Израел, изјави дека во последен момент се одлучил да не ризикува и да го откаже лансирањето, а причина се детектираните силни висински ветрови.

Инаку, словенечкиот сателит Трисат се развиваше неколку години, а во неговата изработка учествуваа студенти од Универзитетот во Марибор и стручњаци од приватната словенечка компанија „Скајлабс“ Сателитот тежи пет килограми и ќе орбитира околу земјата на височина од 530 километри. Во функција ќе биде околу шест години, а таму ќе биде со цел да се тестира работата на нано сателити во кои се вградени соларни панели. Ако тестирањето помине успешно тогаш овие панели кои се развиени во Словенија ќе се продаваат во целиот свет.

Првично ракетата со сателитите требаше да биде лансирана во март, но поради епидемијата на коронавирусот беше одложено за јуни.

Би можело да ве интересира

Во Австрија и Словенија паѓал град со големина на јаболко

Ана Ололовска

Габа од Чернобил како штит за астронаутите во Вселената

Ана Ололовска

Ученички од Индија открија астероид блиску до Марс

Ана Ололовска

Астероид ќе мине покрај Земјата во август

Ана Ололовска

„Упорност“ в четврток ќе полета кон Марс

Ана Ололовска

Москва и Вашингтон започнаа преговори за регулација на оружјето во Вселената

А1он