Логар: Словенија подготвена да прими максимум пет соработници на ЕУ од Авганистан

Од:

Шефот на словенечката дипломатија, Анже Логар, денеска изјави дека Словенија нема намера да прифаќа бегалци од Авганистан, освен максимум пет Авганистанци кои работеле за ЕУ.

На вчерашниот онлајн состанок европските министри за надворешни работи се согласија дека земјите -членки треба да обезбедат солидарност и помош за оние кои работеле како преведувачи за европската дипломатска служба или како локални логистичари и за членовите на нивните семејства, бидејќи сега се соочуваат со „смртна закана“ во Авганистан.

-Ќе покажеме солидарност со прифаќање на соработниците во ЕУ и засега нема да понудиме друг товар, изјави Логар пред новинарите во Брисел.

Што се однесува до другите можни бегалци, како што се новинари или активисти на невладини организации, кои, исто така, може да бидат изложени на ризик, Словенија во моментов нема такви намери како што најавија некои други европски земји, кои имаа подолго присуство во Авганистан и ги знаат околностите „од прва рака“, додаде министерот.

Европските министри на состанокот се согласија дека товарот од можни нови миграциски бранови од оваа земја треба да го преземат земјите во соседството на Авганистан за да не се повтори мигрантскиот бран како оној од 2015/16 година.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски