Логар: Интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ е важна за стратешката позиција на блокот во светот

Од:

Интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската унија е важна за стратешката позиција на блокот во светот, а тоа е и можност за словенечките компании, изјави денеска министерот за надворешни работи на Словенија, Анже Логар.

dobivaj vesti na viber

– Додека регионот не е вклучен во ЕУ, тој ќе биде отворен за различни стратешки закани кои произлегуваат од активности кои не се усогласени со ЕУ во однос на вредностите и геополитичките аспекти, рече Логар на настанот организиран од Институт за стратешки решенија по повод разговорите за интеграција и економски врски со Западен Балкан.

Економијата е важен сегмент од интеграцијата, а Европската комисија издвои повеќе од девет милијарди евра инвестициски фондови за инфраструктурни проекти во Западен Балкан, кои според министерот за надворешни работи Логар ќе го доближат регионот до ЕУ во економската инфраструктура.

-Ова е истовремено и можност словенечката економија да учествува во реализацијата на овие проекти и да привлече дел од девет милијарди евра, рече Логар, јави СТА.

Одлична можност за Словенија е планот на САД да донесат некои големи инвеститори на Западен Балкан за да реализираат проекти кои ќе бидат во конкуренција со кинеските проекти, рече Логар.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Премиерите на Австрија и Чешка потенцираат дека Западен Балкан не смее да се заборави поради Украина

ЕУ: Бројот на илегални преминувања зголемен за речиси 70 отсто во првите четири месеци од годината

А1он

Рекорден број жени во словенечкиот Парламент

А1он

Фико: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е многу важен процес

А1он

Шаленберг: ЕУ да премине од зборови на дела во однос на евроинтеграцијата на Западен Балкан

Ана Ололовска

Вархеји: Проширувањето на ЕУ гаранција на мирот и стабилноста на Западен Балкан

Ана Ололовска