„Љубљанска банка“, сепак, ќе стане сукцесиско прашање

Од:

Иако шефовите на дипломатиите не сакаат да ги откријат деталите од договорената рамка за решавање на долгодишниот хрватско-словенечки спор околу „Љубљанска банка“ и нејзините стари штедачи, се поизвесно е дека проблемот ќе се решава во рамки на сукцесијата.

Банката за меѓународно порамнување во Базел ќе даде простор и администрација, а во разговорот за сукцесијата нема да се вклучат сите држави наследнички, туку само Хрватска и Словенија, пренесува хрватскиот весник „Вечерњи лист“.

Учесниците на неодамнешниот разговор во Оточац на Крка, шефовите на дипломатиите на Хрватска и Словенија Весна Пусиќ и Карл Ерјавец, „молчат“ за деталите од договорот, додека повеќе неофицијални извори потврдуваат дека „ нема збор за порамнување“ туку дека станува збор за „решение што било на масатата“, односно за кое веќе се разговарало во некаква форма.

Првиот чекор во решавањето на проблемот била одлуката во врска со тужбите кои хрватските банки ги покренаа против „Љубљанска банка“.

На словенечката страна во спорот ништо друго, освен повлекување на тужбите, не и е доволно, укажува весникот и додава дека Пусиќ пред членовите на саборските одбори, говорејќи за решението, го одбегнувала зборот „повлекување“, користејќи други термини, како на пример, „ да се стави на страна“.

Би можело да ве интересира

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Хрватска танцува за поддршка на евровизискиот претставник, Бејби Лазања

А1он