Постојат многу причини против референдум за договорот помеѓу Белград и Приштина, а не само еден. Доколку косовските Срби ги прифатат резултатите и работат на имплементација на договорот, тогаш вреди да се трошат пари на референдум, нагласи вчера потпретседателот на владата на Србија, Расим Љајиќ.
Тој истакна дека сега е време кога политичката елита треба да прифати одговорност.
-Целата владата застана зад овој договор, па и повеќето пратеници-изјави тој.
Според него не е реално доколку има референдум, едно од прашањата да биде и промената на Уставот на Србија.
-Не верувам дека е реално, доколку имаме референдум во краток временски период, едно од прашањето да биде и промената на Уставот. Тоа е прашање за поголема дебата, пред се во рамките на политичките партии-наведе Љајиќ.
Елена Георгиевска