Љајиќ: Белград е подготвен за тешки отстапки

Од:

Белград е подготвен да направи отстапки во дијалогот со Приштина, но очекува балансиран пристап од Брисел за почеток на преговорите со ЕУ, изјави потпретседателот на владата на Србија, Расим Љајиќ.

Владата прави се што може во преговорите со Приштина, за да добиеме датум. Не е лесно, бидејќи притисоците се над Белград, додека Приштина е во опуштена позиција. Очекуваме избалансиран пристап и подготвени сме да направиме отстапки, не поради датумот, туку поради трајно решени на Косово – изјави тој и додаде дека ЕУ не бара Србија да ја признае независноста на Косово.

Љајиќ смета дека е многу важно Србија да добие датум за преговори кој би бил голем чекор во правецот на европската интеграција.

Тоа е доказ за забрзаниот пат кон внатрешните реформи и модернизација на земјата. Би значело дека секоја промена на владата во иднина нема да има влијание на овој процес – изјави тој.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ