Лидерот на турската опозиција го обвини премиерот Ердоган за затворањето новинари

Од:

Лидерот на главната опозициска Народнорепубликанска партија во Турција, Кемал Калачдароглу, го обвини премиерот Реџеп Таип Ердоган дека ги принудил турските медиуми на самоцензура, откако новинарските организации соопшти дека десетици репортери се избркани од работа заради известувањето од антивладините демонстрации, пренесоа британските медиуми.

Сојузот на турски новинари соопшти дека најмалку 72 новинари се сменети, принудени да ја напуштат или поднесат оставки во последните шест недели, од почетокот на бранувањата што се проширија низ целата земја.

Демонстрациите, кои почнаа како обид за спасување на паркот Гези во Истанбул, брзо се проширија во досега незабележен изблик на незадоволство кон владата, отсликувајќи ги како најсериозен општествен предизвик во 10-годишното владеење на Ердоган, забележаа британските медиуми.

Протестите во голем степен замреа, иако помали групи продолжуваат со протестите и се собираат во Истанбул и Анкара, посочуваат агенциите.

-Зошто ги терате новинарите да си одат? Зошто ги принудувате да ја напуштат работата? Зошто тие пишуваат текстови што нивните шефови не ги одобруваат?”, запраша Калачдароглу.

-Во моментов се наоѓаме во нов период, во кој медиумите се контролирани од владата и полицијата, и во кој повеќето медиумски шефови наредби добиваат од политичките власти.

Период, во кој новинарските текстови, одобрени од политичките власти, се објавуваат, а оние кои не се одобрени, се цензурираат“, изјави Калачдароглу.

Турција во последните неколку години падна на дното на меѓународните рејтинзи за слободата на печатот и се почесто е критикувана за затворањето новинари, а една од новинарските организации земјата ја нарече „”најголемиот затвор за новинари во светот“, потсетуваат британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски