Лидерите од регионот на средба во Букурешт како подготовка за самитот на НАТО во Варшава

Од:

Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска соопшти дека со својот полски колега Бронислав Коморовски се договориле во текот на есента во Букурешт да се организира средба на шефовите на држави и влади од регионот за подготовка на самитот на НАТО, што ќе се одржи во Варшава во 2016 година, пренесе Аџерпрес.

– Заедно со претседателот Коморовски се договоривме во текот на есента во Букурешт да организираме нова средба на ниво на шефови на држави и влади во форматот што во јули минатата година се оддржа во Варшава. Сметаме дека тоа е еден формат што ја засилува регионалната соработка и е еден многу важен инструмент за подготовка на самитот на НАТО во Варшава во 2016 година, посочи романскиот претседател на заедничката прес-конференција со Коморовски.

Тој дополни дека, заедно со останатите шефови на држави и влади од регионот, им претстои договор за конкретниот датум за оваа средба.

– Средбата со сигурност ќе придонесе за подобрување на кохезијата во регионот и за хармонизирање на нашите гледни точки во однос на подготовката на средбата на врвот на НАТО, забележа уште Јоханис, кој од вчера се наоѓа во тридневна посета на Полска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Лавров: Русија е подготвена за војна со НАТО на Арктикот

Шефот на НАТО ги предупреди Европа и САД

Горан Наумовски

Муцунски: Членството во НАТО придонесува за зајакнување на колективната безбедност

Столтенберг: Ќе биде потребен дијалог со Русија за да се стави крај на војната во Украина