Лидерите од Западен Балкан ги викаат на вечера во Брисел следната недела

Од:

Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Јосеп Борел, потврди дека идната недела се поканети на вечера шесте лидери на земјите од западен Балкан за да се разговара со нив за стратегијата на ЕУ во регионот.

Иако Борел не даде точен датум, според дипломатите се очекува вечерата да се одржи на 18 мај во Брисел. Целта на високиот претставник е да ги собере шесте лидери од регионот за да ги слушне нивните мислења за тоа како ЕУ да биде поангажирана и поприсутна во регионот.

Оваа дискусија денеска веќе се одржа со земјите=членки на Европската Унија.

Борел инсистираше дека е неприфатливо што Западен Балкан две години не се нашол на дневен ред на дебатите на Советот за надворешни работи на ЕУ со кој тој претседава и увери дека нема да дозволи да поминат повторно две години без регионот.

Западен Балкан повторно ќе биде на агенда пред летото, рече тој.

-Западен Балкан е дел од проблемот, но е дел и од решението, вели Борел и порачува дека е потребно и да се дискутира за геополитичката димензија на регионот со неговите претставници.

Тој додаде дека вакцините кои ЕУ ги донираше за Западен Балкан не се испорачани под никакви услови.

Би можело да ве интересира

Борел: ЕУ почнува да работи на нови санкции против Иран поради напад на Израел

Борел: Руската агресивна војна против Украина е егзистенцијална закана за Европа

Став на Брисел: Европејците нема да гинат за Донбас

Борел: Лидерите на ЕУ ќе повикаат на постигнување одржлив прекин на огнот во Газа

Горан Наумовски

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне