Лидер на СДА бара автономија за Санџак

Од:

Пратеникот во српското Собрание и потпретседател на Партијата за демократска акција за Санџак (СДА), Енис Имамовиќ смета дека Санџак би требало да има поголема степен на автономија по моделот на Јужен Тирол, кој, според него, е најдобар пример за успешен автономен регион.

Имамовиќ, по неодамнешната посета на Јужен Тирол, каде, како што рече, со тамошните власти разговарал за „соработка и дефининирање на автономијата на Санџак, како прекуграничен европски регион меѓу Србија и Црна Гора“, изјави дека високиот степен на автономија за Санџак е најдобар начин „богатите луѓе да живеат слободно, да ги остваруваат своите права и да управуваат со системот во кој живеат во рамки на Уставот, домашните закони и меѓународните норми“.

Доколку, според мислењето на српските власти, автономијата е добар модел за Србите во Косово, тогаш таа би можело да биде добра и за граѓаните на Санџак, оценува Имамовиќ во интервјуто за денешна „Политика“.

– Колку што можевме да забележиме темата за автономија им е блиска на претседателот (на Србија) Томислав Николоиќ и на другите значајни високи институции, кои бараат автономија за Заедницата на српските општини во Косово. Доколку тое се покаже како добар модел за Србите во Косово, не гледам зошто не би бил и за граѓаните на Санџак, вели Имамовиќ.

Тој вели дека лидерите на санџачките Бошњаци не се приврзаници на идејата регионите да се дефинираат по етнички принцип, како што се предлага со Заедницата на српските општини во Косово, затоа што Санџак е „мултиетничка средина каде во многу добри односи живеат Бошњаци, Албанци, Срби, Црногорци и други“.

Имамовиќ вели дека не гледа „ниту еден лош аспект“ во моделот на Јужен Тирол, наведувајќи дека буџетот на тој италијански регион е пет милијарди евра на 550.000 жители.

– Ние имаме право, потреба и обврска да го сакаме истото тоа, затоа се стремиме кон тоа и го бараме за жителите на Санџак, изјави Имамовиќ.

Тој оценува и дека состојбата со демократијата во Србија не е на доволно високо ниво, како што е во Велика Британија, каде, како што вели, на граѓаните „им е овозможено да кажат што посакуваат, мислат и чувствуваат“.

– Овде, кога ќе се спомене автономија веднаш реагира српската политичка елита и медиумите, вели Имамовиќ за „Политика“, потсетувајки дека Бошњаците од Санџак уште во 1991 година на рефендумот се изјаснија за автономија.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ