Левот оди во историјата, Бугарија ќе го воведува еврото од 2024 година

Од:

Во Бугарија е усвоен нацрт-национален план за воведување на еврото како платежна валута од 1 јануари 2024 година, соопштија денеска Бугарската национална банка и Министерството за финансии на Бугарија.

Воведувањето на еврото е планирано без преоден рок, а датумот на усвојување на еврото ќе се совпадне со неговото воведување како официјална платежна единица.

Конверзијата ќе се изврши со примена на фиксниот курс помеѓу еврото и левот. И по воведувањето на еврото во рок од еден месец, левот и еврото ќе бидат законско средство за плаќање, јави БТА.

Националниот план за воведување на еврото во Бугарија е стратешкиот документ врз основа на кој ќе се спроведува оперативната работа за замена на левот со еврото. Планот го изработи Координативниот совет за подготовка на Република Бугарија за членство во еврозоната и при неговата подготовка беа следени практики на земјите-членки на еврозоната

Нацртот на Националниот план за воведување на еврото во Република Бугарија ќе биде на јавна дискусија пред да биде доставен на разгледување од страна на Советот на министри.

Би можело да ве интересира

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Доларот зајакна во однос на еврото

Почина бугарскиот патријарх Неофит

Почнува мешањето во претседателските избори: „Пендаровски и објави војна на Бугарија“, на амбасадорката врачен протест

Александар Тодески

Бугарија нема да испраќа војници во Украина