Лечиќ се огласи преку агенција: Му се слошило кога слушнал дека пак го обвинуваат за силување

Од:

Српскиот актер и поранешен политичар Бранислав Лечиќ се огласи во јавноста преку свои претставници за односи со медиумите, откако денеска неговата некогашна колешка Мерима Исаковиќ го обвини дека ја силувал во 1978 година.

Исказот на Исаковиќ доаѓа откако Лечиќ беше обвинет од страна на 27 години помладата актерка Даниела Штајнфелд дека и нејзе ја силувал пред 12 години, кога заедно играле претстава во Белград.

Тој минатиот месец беше повикан во обвинителството да даде исказ за првото обвинување од Штајнфелд, и беше сослушуван седум часа, по што тврдеше дека го поминал тестот на полиграф со прашања околу наводното силување. Српските медиуми во текот на целиот ден се обидувале да добијат коментар од Лечиќ во врска со случајот, а тој се огласи дури доцна попладнето, со подготвена изјава која ја испрати агенција за односи со јавноста која ја најмил актерот. Во неа се вели дека тој не се чувствува добро откако го слушнал новото обвинување од Мерима Исаковиќ.

„Почитувани новинари, ве известуваме дека, поради денешните наводи во медиумите, Бранислав Лечиќ здравствено не се чувствува најдобро. Од истите причини, тој веќе нема да ѝ се обраќа на јавноста, но како што наведе и претходно, нема да коментира никакви обвинувања против него додека не се заврши постапката пред државните органи. Ве молиме уште еднаш да не го вознемирувате, затоа што навистина не се чувствува добро. Однапред благодарни, ПР тимот на Бранислав Лечиќ,“ се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Скандал во Премиер лигата: Уапсени двајца фудбалери поради силување

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

МВР: 26-годишен маж сакал да силувала 68-годишна жена

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари