Лажна тревога за поставена бомба во центарот на Белград

Од:

Еден припадник на обезбедување во трговски центар, кој се наоѓа во центарот на Белград, утрово јавил во полиција дека се сомнева оти на паркингот се наоѓа бомба.

Веднаш на местото била испратена специјална единица за деактивирање експлозивни направи.

По извршената проверка во подземниот паркинг на трговскиот центар, српското Министерство за внатрешни работи соопшти дека не е пронајдена никаква експлозивна направа и станува збор за лажна дојава.

Според локалните медиуми, припадникот на обезбедувањето пријавил дека слушнал чудни отчукувања под еден од паркираните автомобили.

Би можело да ве интересира

По изборите во Косово, Вучиќ очекува посилен притисок од САД врз Приштина

Ана Ололовска

Пацоли: Помпео ја охрабри Србија за продолжување на дијалогот со Приштина

Ана Ололовска

Српската премиерка в понеделник во посета на Скопје

Ана Ололовска

Вучиќ: Дијалогот Белград-Приштина продолжува најрано во декември

Ана Ололовска

Помпео: Нормализацијата на односите Белград-Приштина ќе го стабилизира регионот

Ана Ололовска

Српската опозициска Народна партија ќе ги бојкотира претстојните парламентарни и локални избори