Лажна тревога за бомба во трговски центар во Риека

Од:

Хрватската полиција извести дека попладнево околу 14.30 часот добила пријава за поставена експлозивна направа во трговски центар на Риека.

„Веднаш по добивањето на пријавата на местото на настанот се испратени полициски службеници за преземање мерки и дејствија во насока на заштита на безбедноста на граѓаните. Во соработка со одговорното лице од трговскиот центар, организирана е евакуација, а по граѓаните и вработените го напуштил центарот, стручно обучени полициски службеници извршиле увид на наведеното место со употреба на службено куче за откривање експлозив. Увидот завршил околу 16.30 часот, а при увидот не била пронајдена експлозивна направа, односно било утврдено дека добиената пријава не е точна“, соопшти полицијата.

Би можело да ве интересира

Поради наводно подметната бомба евакуирана болница во Москва

Горан Наумовски

Спречено филмско бегство од затворот во Риека

Експлодира бомба во центарот на Атина, оштетена зградата на Министерството за труд

Дојава за бомба во РТС

Во Риека: Се преврте товарен воз полн со жито, работниците избегаа во последен момент

По дојава за поставена бомба: Затворени 27 училишта во Белгија