Лавров во посета на Грција, БиХ и Србија

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска почнува турнеја низ регионов, при што ќе ги посети Грција, БиХ и Србија.

Лавров прво ќе допатува во работна посета на Атина, каде ќе се сретне со шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, премиерот Киријакос Мицотакис, како и со лидерот на опозициската СИРИЗА, Алексис Ципрас.

На 28 октомври ќе замине во Босна и Херцеговина, каде ќе разговара со членовите на Претседателството на БиХ, одделно со членот на Претседателството на БиХ Милорад Додик, министерот за надворешни работи во Советот на министри на БиХ и со други претставници на босанските власти. Руското МНР претходно соопшти дека тема на разговорите за време на посетата на шефот на руската дипломатија ќе биде натамошниот развој на соработката меѓу БиХ и Русија во областа на политиката, тговијата, економијата и културата, како и хуманитарните прашања.

В среда Лавров, исто така, ќе пристигне и во дводневна посета на Србија.

– Предвиден е состанок со српскиот претседател Александар Вучиќ, како и присуство на свеченоста по повод завршување на внатрешното уредување на Храмот Свети Сава и палење на Вечниот оган на гробот на Ослободителите на Белград, изјави портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.

Претходно било соопштено дека Лавров треба да оствари средба и со патријархот Иринеј.

Во фокусот на разговорите ќе биде соработката меѓу Русија и Србија, важни меѓународни и регионални прашања, како и ситуацијата во врска со решавањето на косовското прашање.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски